Линкови за пристапност

Eврокомесарот Вархеји се надева на одлука за почеток на преговори пред Самитот во Загреб


Кредибилност, предвидливост, динамичност и засилено политичко раководење – тоа се четирите принципи на кои се базира новата методологија на Унијата за пристапување, според која Северна Македонија ќе треба да се раководи во натамошните евроинтеграциите.

Шефот на дипломатијата го поздрави објавувањето на новата методологија од која очекува да резултира со, како што вели, двојна победа – „старт на преговорите со Северна Македонија и усовршен процес“.


Целта, според еврокомесарот Вархеји, е да се утврди кредибилен пат за земјите од Западен Балкан кој треба да финишира со полноправно членство. Документот на неколку страници се обидува да ги вгради и интересите на земјите-членки, пред се Франција, за константен и одговорен реформски процес и интересите на кандидатките за забрзување на процесот.

Идејата е сите поглавја да се групираат во шест кластери, во кои клучен е првиот во кој влегуваат владеење на правото, основни права, судство... Со него се отвораат и затвораат целите преговори.

Вархеји смета дека овој документ ќе резултира со деблокада на процесот по неуспехот во октомври.

„По оваа методологија ќе следат ревидирани извештаи за Северна Македонија и Албанија, се надевам до крајот на месецов, и сега се трудиме да го забрзаме напредокот на овие две земји за да имаме одлука за почеток на преговори пред Самитот во Загреб во мај“, вели тој.

Документот предвидува запирање на преговорите, дури и нивно враќање назад ако некоја од кандидатките стагнира или назадува во реформите. Врвен приоритет на Унијата, според Вархеји, е мир и стабилност на Западен Балкан, а тоа ќе се постигне преку интеграција на регионот.

Шефот на дипломатијата го поздрави објавувањето на новата методологија од која очекува да резултира со, како што вели, двојна победа – „старт на преговорите со Северна Македонија и усовршен процес“. „Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион“, вели Димитров во пишаната изјава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG