Линкови за пристапност

Што значат измените на статутот на ВМРО-ДПМНЕ?


Што значат измените на статутот на ВМРО-ДПМНЕ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Консолидирање на партијата по изборниот пораз или зацврстување на лидерските позиции на Мицкоски пред се погласните барања за негова оставка. Ова се прашањата што се поставуваат за тоа што значат измените на статутот на ВМРО-ДПМНЕ што ненадејно поминаа на партиските тела. Од актуелното раководство тврдат дека станува збор за процес на демократизација на партијата преку директни избори на општинските комитети и на идните кандидати за градоначалници, како и на потенцијалните функционери.

Паралелно со процесот на статутарни измени, актуелни и поранешни видни функционери на партијата побараа оставка на Мицкоски


„Се ограничува мандатот на Претседателот на партијата, Претседателите на Општинските Комитети, како и на претседателите и членовите на сите органи и тела кои се бираат на Конгрес, во новиот Статут им го ограничува нивниот мандат на 4 години“, вели Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Паралелно со процесот на статутарни измени, актуелни и поранешни видни функционери на партијата побараа оставка на Мицкоски, нешто што тој самиот го најави во ситуација ако ги загуби изборите.

„Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме“, напиша во колумна екс-министерот Никола Попоски.

Некогашната сива еминенција во партијата Сашо Мијалков во интервју порача дека „шансите за Мицкоски да фомрира влада се сведени безмалку на нула, но тоа е последната сламка на спас за која што се држи ова раководство. За три години Христијан Мицкоски доживеа три тешки порази“. Прoмени бара и поранешниот министер Никола Тодоров. „Изгубивме. И што порано го прифатиме овој факт, тоа подобро и за ВМРО-ДПМНЕ и за државата. Причините може и треба да ги анализираме, објективно и трезвено, но она што мораме да го направиме е да не дозволиме да се подели ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа на никому од нас нема да му одговара“, пишува Тодоров.

Но, актуелното раководство не размислува за барање оставка од Мицкоски?

-Господине Тошковски во смисла на давање оставка односно еве во контекст на барањата на некои членови на ВМРО-ДПМНЕ лидерот да си поднесе оставка?

„Можам да кажам на ова прашање кое што го поставивте дека Христијан Мицкоски е првиот претседател на една политичка партија на Балкан коj што самиот себеси си ја ограничува можноста за да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски е пример за еден современ европски политичар“, вели Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што раководството не бара оставка од Мицкоски, туку и го овласти да преговара за формирање нова влада иако неговата партија освои два пратеника помалку од владејачкиот СДСМ.

Социјалдемократите, пак, зборуваат за идна влада која тие ќе ја предводат иако велат дека официјалните преговори се уште не започнале.

ДУИ, барем јавно, не отстапува од барањето Албанец-премиер. За в понеделник Алијанса за Албанците најави протестен марш со пораката „Доста е“ како израз на револтот против, како што велат, „злоупотребата на гласовите и полнење на кутиите на изборите од ДУИ“.

Сево ова најавува бурен политички период и се само не едноставен процес на формирање влада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG