Линкови за пристапност

Северна Кореја лансираше нов проектил


Информацијата ја соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Според истиот извор, интерконтиненталниот балистички проектил бил лансиран кон исток. Последен пат Северна Кореја истрела проектил на 15-ти септември.

Претседателот Доналд Трамп, кажа дека САД "ќе се погрижат за тоа", најавувајќи санкции и осуда од светот.

"Ова е ситуација со којашто ќе се справиме", рече Трамп пред новинарите во Белата куќа, без да даде други детали. Тој сепак повтори дека американскиот пристап спрема Северна Кореја не е променет.

Првиот човек на Пентагон Џим Матис, изјави дека проектилот летал подолго и повисоко од кој било друг проектил што Северна Кореја го тестирала. Тој го нарече дел од напорите на државата за изработка на вакво оружје, што може да "претставува закана насекаде во светот". Матис кажа и дека Северна Кореја е опасност по светскиот мир.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН и вети дека ќе го заштити јапонскиот народ.

Советот за безбедност потврди дека седницата е закажана за среда, во 16:00 часот по локално време.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG