Претседателот Доналд Трамп вели дека ако Пјонгјанг предизвика конфликт „ќе им се случат работи какви што никогаш не можеле да замислат“.
Северна Кореја, која се закани со напад врз американската територија на пацифичкиот остров Гуам, ја засили вербалната војна меѓу двете држави.
„Да видиме што тој ќе направи со Гуам. Ако направи нешто, на Северна Кореја ќе и` се случат работи, какви што никој не видел претходно“, рече Трамп, часови откако Северна Кореја најави дека до средина на август ќе го финализира планот за лансирање на четири балистички ракети во близина на Гуам.
Секретарот за одбрана Џим Матис вели дека „дипломатите и разузнавачката заедница презеле напори, за држење на ситуацијата под контрола.
Армијата на Северна Кореја вчера изјави дека во рок од една недела ќе му го даде планот за напад на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, за да го потпише.
Facebook Forum