Линкови за пристапност

Северна Кореја лансираше уште еден проектил


Администрацијата на Трамп допрва треба да излезе со јасна политика за тоа како да се постави кон Пјонгјанг

Северна Кореја тестираше уште еден проектил со краток домет, неколку дена откако државите од Г7 побараа Пјонгјанг да се откаже од нуклеарните амбиции.

Американската пацифичка команда соопшти дека лансирањето било близу градот Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја. Командата го лоцирала проектилот шест минути, пред да падне во Јапонското Море.

Оттаму изјавија дека проектилот не претставувал закана за Северна Америка, но, јапонскиот премиер Шинзо Абе рече:

„Работејќи со САД, ќе преземеме специфична акција да се одврати Северна Кореја“, изјави Абе за јапонска телевизија.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп допрва треба да излезе со јасна политика за тоа како да се реагира кон Пјонгјанг.

Државниот секретар за одбрана Џејмс Матис предупреди дека конфликтот со Северна Кореја „најверојатно би бил најлош вид борба досега во животот на повеќето луѓе“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG