Линкови за пристапност

Северна Кореја неуспешно тестираше проектил


Соопштија американски и јужнокоресјки власти

САД и Јужна Кореја соопштија дека денешното тестирање на проектил од страна на Северна Кореја, завршило неуспешно.

Според портпаролот на Американската пацифичка команда, се чини дека проектилот експлодирал неколку секунди по лансирањето од Полуостровот Калма, што се наоѓа во источниот дел на земјата.

Ниту САД, ниту Јужна Кореја не дадоа детали за каков проектил се работи, додавајќи дека и натаму ги анализираат најновите активности.

Порано месецов, Северна Кореја тестираше четири балистички проектили во водите близу Јапонија, како одговор на годишните заеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја, на кои Северот гледа како на подготовка за војна.

Три од проектилите прелетале околу 1.000 километри и завршиле во јапонските води, соопшти Пентагон. Американски претставници рекоа дека се работи за ракети од среден домет што не претставуваат закана за Северна Америка.

XS
SM
MD
LG