Линкови за пристапност

Северна Кореја со нова закана за војна


Ги повика странските државјани и бизниси да ја напуштат Јужна Кореја.

Северна Кореја ги повика странците да ја напуштат Јужна Кореја за да избегнат можен воен судир.

Државната севернокорејска новинска агенција ја пренесе изјавата на Азиско-пацифичкиот мировен комитет на режимот во Пјонгјанг, која наведува странските туристи и бизниси, „заради сопствената безбедност да преземаат мерки на евакуација од Сеул и Јужна Кореја“.

Северна Кореја објави слично предупредување минатата недела до странските амбасади во Пјонгјанг.

Севернокорејските работници денес не се појавија на работните места во заедничката индустриска зона со Јужна Кореја, Каесонг, единствената директна економска врска меѓу двете земји.

Јужнокорејската претседателка Парк Гун-хе кажа дека одлуката на Пјонгјанг да повлече преку 50.000 работници од зоната ќе наштети на меѓународниот кредибилитет на Северна Кореја како место да се води бизнис.
XS
SM
MD
LG