Линкови за пристапност

Северна Кореја тестираше нов проектил


“Можеби Кина ќе треба да преземе мерка спрема Северна Кореја и ќе ја заврши оваа глупост еднаш засекогаш!“ напиша Трамп на Твитер.

Северна Кореја во вторникот рече дека успешно тестира интерконтинентална балистичка ракета.

Пјонгјанг уште од порано работеше на развивање на таква ракета со способност да развие технологијата потребна за испраќање нуклеарна боева глава кон САД.

Во соопштението на државната телевизија се вели дека, ракетата летала 39 минути и достигнала надморска височина од 2.800 километри.

Овие бројки се исти како бројките што ги дадоа САД, Јужнокорејските и Јапонските воени сили кусо време по тестот кој заврши со паѓање на проектилот во Јапонското Море.

Пацифичката команда на американската војска ја опиша ракетата како балистички проектил од среден опсег.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џеј-ин, рече дека неговата влада претпоставува дека ова е „балистички проектил од среден опсег“, но сепак дека ќе бидат подготвени во случај да станува збор за интерконтинентална балистичка ракета (МКБМ).

„Ако станува збор за МКБМ, ние ќе треба да излеземе со соодветните мерки“, рече Мун. Тој додаде дека Јужна Кореја „одлучно ќе се справи со провокациите во Северна Кореја“ во соработка со меѓународната заедница.

Одговорот на американскиот претседател Доналд Трамп за тестирањето на проектилот дојде на Твитер, каде што ги обнови своите повици за Кина да ја искористи својата позиција како главен сојузник на Северна Кореја да изврши притисок.

„Тешко е да се поверува дека Јужна Кореја и Јапонија ќе можат да издржат уште многу. Можеби Кина ќе треба да презема мерка спрема Северна Кореја и ќе ја заврши оваа глупост - еднаш засекогаш!“ напиша Трамп.

Кина ги бранеше своите напори, повикувајќи на смирување и воздржаност во вторникот, велејќи дека се спротивставува на активностите на Северна Кореја која ги крши санкциите на Советот за безбедност на ОН.

„Кина направи многу напори за решавање на нуклеарните прашања во Корејскиот полуостров“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Генг Шуан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG