Линкови за пристапност

Северна Кореја се откажа од нападот на Гуам


Лидерот Ким Јонг Ун изјавил дека ќе продолжи да го следи „будалестото и глупаво однесување на Вашингтон“, пред да донесе конечна одлука

Северна Кореја вели дека ги одлага плановите за лансирање ракети на Гуам. Пјонјанг соопшти дека Ким Јонг Ун ќе ги следи „глупавите потези“ од Вашингтон пред да донесе конечна одлука.

Во меѓувреме, јапонскиот премиер Шинзо Абе вели дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп, се согласиле дека запирањето на Северна Кореја да лансира нуклеарни проектили е нивниот главен приоритет.

Абе и Трамп, за ова разговарале по телефон во вторникот, соопшти јапонскиот лидер пред новинарите во Токио.

Дијалогот меѓу двата сојузници дојде кога лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун изјави дека ќе почека со планот за истрелување проектили на територијата на САД, Гуам во Пацификот.

Новинската агенција на Северна Кореја „КЦНА“, во вторникот објави дека Ким добил извештај од неговата Армија, за плановите за напад на областа околу Гуам, каде што има голем број американски воени објекти.

Во извештајот се наведува дека Ким ќе продолжи да го следи „будалестото и глупаво однесување на Вашингтон“, пред да донесе конечна одлука.

Тој исто така беше цитиран како вели „ако Вашингтон продолжи со своите екстремно опасни непромислени акции“ на Корејскиот Полуостров, Северна Кореја ќе продолжи со своите планови

Според извештајот на КЦНА, Ким ги повикал САД да „покажат преку акции и дела дека сакаат да ги намалат тензиите на Корејскиот Полуостров и да спречат опасен воен судир“.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-ин, исто така, се обидува да ги смири стравувањата од можна војна.

Во говорот што ја одбележа годишнината од ослободувањето на Корејскиот полуостров од јапонската колонијална власт на крајот од Втората светска војна, претседателот Мун вети дека неговата влада „ќе направи ‘се“ за да спречи нова војна на полуостровот и додаде дека нема да има никаква воена акција на полуостровот без согласност на Сеул.

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис, упати предупредување до Северна Кореја, велејќи дека секој обид за истрелување проектили на територија во САД „може многу брзо да ескалира во војна“.

„Ако го сторат тоа, тогаш тоа ќе биде почеток на играта“, изјави Матис за новинарите од Пентагон за време на импровизираниот брифинг доцна во понеделникот. „Немој да пукате на луѓето, освен ако не сакате да ги сносите последиците за тоа“.

Матис се обиде да ги смири стравувањата по претходните севернокорејски закани за истрелување на проектили кон Гуам.

Главниот шеф на одбраната на САД изјави дека доколку се случи напад во Гуам, тие ќе возвратат


Матис истакна дека Вашингтон ќе преферира пред се дипломатско решение за решавање на разликите со Пјонгјанг.

„САД немаат интерес за промена на режимот или за повторното обединување на Кореја“, пишува во изјавата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во „Волстрит журнал“, објавена во понеделникот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG