Американскиот секретар за одбрана Џим Матис, соопшти дека форензичарите идентификувале нови останки од американски војници загинати во текот на Корејската војна, а кои се вратени од Северна Кореја.
После средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во јуни во Сингапур, Северна Кореја врати повеќе од 55 кутии со човечки останки за кои се верува дека им припаѓаат на некогашни американски војници.
На форензичарите можеби ќе им бидат потребни две години да ги идентификуваат сите преку ДНК анализа и проверка на забарските досиеја.
Пентагон соопшти дека официјални севернокорејски и американски воени претставници минатата недела преговарале за целосно предавање на останките.
Се верува дека во Северна Кореја сè уште има останки на околу 5.300 американски војници.
Facebook Forum