Линкови за пристапност

САД и Јужна Кореја се договориле за поостри санкции спрема Северот


Во меѓувреме, Америка најавува нова нацрт-резолуција во ОН

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека новиот договор со претседателот на САД Доналд Трамп за укинување на нејзините карго рестрикции за проектили, би било корисно за справување со нуклеарните и балистички закани од страна на Северна Кореја.

Трамп и неговиот јужнокорејски колега Мун Је Ин воедно се договориле да извршат притисок за уште поостри санкции на ОН спрема Северна Кореја. Според владини лица во Сеул, Је Ин од ОН побарал и да ја разгледаат опцијата за блокирање на пратките со нафта до Северот.

Белата куќа не спомена санкции за нафта против Пјонгјанг, но истакна дека Трамп и Је Ин за време на 40-минутниот телефонски разговор постигнале согласност по сите главни прашања.

Воедно, Јужна Кореја денеска соопшти дека нејзиниот северен сосед можно е да планира нов тест на проектил.

САД неделава до Советот за безбедност на ОН ќе достават нацрт-резолуција за Северна Кореја, изјави американската амбасадорка во светската организација, Ники Хејли. Дипломати на САД рекоа дека се надеваат дека по неа ќе се гласа во рок од една недела.

Кина и Русија, двата најголеми политички сојузника на Северна Кореја, рекоа дека повиците за натамошно заострување на санкциите против Пјонгјанг по најновиот нуклеарен тест, нема да сторат многу за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG