Линкови за пристапност

Северна Кореја го ослободи Џефри Фаул


Американецот бил приведен пред шест месеци откако оставил библија во тамошен ресторан.

Северна Кореја соопшти дека неделава бил ослободен заробениот Американец по повеќекратните барања од страна на претседателот Барак Обама.

Во кусата порака на државната новинска агенција КЦНА, се вели дека, цитираме, „криминалецот“ Џефри Фаул бил ослободен по наредба на севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун.

Државниот секретар Џон Кери кажа дека не бил склучен никаков договор со Северна Кореја за овој случај. Фаул е веќе на американско тло од средата наутро.

Педесетишестгодишниот Фаул во Северна Кореја дошол на туристичка виза, а по шест месеци бил уапсен откако оставил Библија во севернокорејски ресторан. Неговото семејство порекна дека во земјата бил на црковна мисија.

Портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф истакна дека и натаму постои загриженост за другите двајца Американци, кои и натаму во севернокорејска надлежност.

XS
SM
MD
LG