Линкови за пристапност

САД изразија загриженост за ранливоста на Северна Кореја од коронавирусот


САД соопштија дека се „длабоко загрижени“ за ранливоста на Северна Кореја од новиот коронавирус и дека ги поддржуваат меѓународните групи кои се обидуваат да му помогнат на Пјонгјанг да спречи евентуален појава на вирусот.

„Силно ја поддржуваме и охрабруваме работата на американските и меѓународните хуманитарни и здравствените организации да се спречи ширење на коронавирусот“, истакна портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, доцна во четвртокот.

„САД се подготвени брзо да овозможат одобрување на помош за овие организации“, додаде таа.

Изјавата потенцијално го отвора патот за групите за помош да доставуваат итни медицински материјали во Северна Кореја, иако временската рамка е сè уште неизвесна.

Северна Кореја сè уште нема пријавено случај на вирус. Но, ако болеста стигне до таму експертите предупредуваат на хуманитарна катастрофа.

На Северна Кореја ѝ недостасуваат соодветни медицински материјали и инфраструктура за да се справат со коронавирусот. Многу од нејзините региони се погодени од сиромаштија.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соопшти дека на Северна Кореја итно ѝ се потребни комплети за тестирање на коронавирус и лична заштитна опрема.

Северна Кореја е под санкции на САД и ООН заради нејзината програма за нуклеарно оружје. Санкциите забрануваат широк спектар на соработка, што значи дека организациите кои сакаат да помогнат, прво мора да добијат одобрение.

Засега, Северна Кореја веројато нема официјално побарано помош за борба против вирусот.

Наместо тоа, Северна Кореја ги затвори буквално сите врски со надворешниот свет, запирајќи ги летовите и возовите со соседите и спроведува 30-дневен карантин за сите странци кои ќе пристигнат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG