Државниот секретар Мајк Помпео вели дека САД не планираат да ги олеснат економските санкции кон Северна Кореја додека не е сигурно дека значително е намалена заканата од Северна Кореја како нуклеарно вооружена држава.
„Американските граѓани треба да знаат дека имаме најтешки економски санкции некогаш воведени кон Северна Кореја. Нема да го намалиме притисокот додека не осигураме дека ризикот сигурно е намален“, изјави Помпео за Ен-Би-Си.
Неговите коментари доаѓаат една недела пред вториот самит на претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Ханој.
Помпео рече дека се надева оти Трамп и Ким ќе направат историски чекор напред на претстојниот состанок.
Facebook Forum