Линкови за пристапност

Северна Кореја гневна што нејзиното знаме било користено на воена вежба на САД и Јужна Кореја


Чекорот го опиша како опасна акција и политички мотивирана провокација.

Северна Кореја остро реагираше на заедничката воена вежба меѓу САД и Јужна Кореја, осудувајќи ја употребата на нејзиното национално знаме како мета.

Околу 2.000 јужнокорејски и американски војници, потпомогнати од борбени авиони, хелихоптери и тенкови зедоа учество во петочната вежба на која испробуваа одговори на различни видови на напади. Вежбата се одржа токму на 62-та годишнина од почетокот на Корејската војна - 25 јуни 1950-та.

По првпат на вакви вежби, во дејствијата со боева муниција беше употребено огромно знаме на Северна Кореја.

Во синоќешното соопштение на севернокорејската државна новинска агенција, потегот се оценува како исклучително опасна армиска акција и политички мотивирана провокација. Соопштението ги обвинува САД дека ја започнале војната и ја изразува намерата на официјален Пјонгјанг да продолжи да ја гради својата армија.
XS
SM
MD
LG