Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека е неоснована најавата на Северна Кореја дека до крајот на годината истекува рокот за нуклерани преговори.
„Ким Џонг Ун е премногу паметен и има многу да изгуби, всушност се`, ако делува на заканувачки начин. Тој со мене потпиша силен Договор за денуклеаризација во Сингапур. Тој не сака да ја уништи специјалната врска со претседателот на САД или да се меша во американските претседателски избори во ноември“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи:
„Северна Кореја под лидерство на Ким Џонг Ун има огромен економски потенцијал, но, мора да направи денуклеаризација како што вети“.
Официјални лица на Северна Кореја, пак, велат дека Трамп е многу нервозен за да знае што размилсуваат тие, и оти се плаши од тоа што може да направат.
Facebook Forum