Северна Кореја денес повторно предупреди дека до крајот на годината САД мора да понудат отстапки во нуклеарните преговори.
Во изјава за државниот медиум, севернокорејскиот министер за надворешни работи, кои е надлежен за односите со САД, рече дека „комплетно зависи од САД каков божиќен подарок ќе одберат“.
Тој, исто така, ги критикуваше напорите на САД да се водат повеќе преговори со Северна Кореја, нагласувајќи дека таквиот дијалог е само трик за политички цели.
Преговорите се заглавени од февруари, кога Северна Кореја побара ослободување од санкциите пред да се откаже од нуклеарните капацитети, потег што беше одбиен од САД.
Facebook Forum