Северна Кореја денес побара САД да преземат чекори до крајот на годината за нормализирање на односите, нагласувајќи дека го губи трпението кон Вашингтон.
„Без ништо да добиеме за возврат му дадовме работи на американскиот претседател со кој тој може да се фали, но, од страната на САД се` уште не е направен никаков чекор“, соопшти Северна Кореја, нагласувајќи дека „предавство сега е само она што го чувствуваме од американска страна“.
Дипломатските напори за денуклеаризација на Северна Кореја стагнираат по втората средба на претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во февруари, која беше прекината без да се постигне договор.
Facebook Forum