Линкови за пристапност

Вонредна седница на ОН за Северна Кореја


Утрешниот состанок бил побаран од САД, Јужна Кореја и Јапонија по најновите активности на Пјонгјанг

Советот за безбедност на ОН за утре планира да одржи вонредна седница, како одговор на најновиот тест на балистички проектил на Северна Кореја.

Како што соопшти мисијата на Уругвај во ОН, состанокот бил побаран од САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Северна Кореја денеска изјави дека е подготвена за големо производство на балистички проектили од среден домет, што би ги распоредила на својата војска.

Сеул соопшти дека проектилот бил истрелан во неделата попладне по локално време, прелетал околу 500 километри, по што завршил во Јапонското Море. Ова е втор тест на Пјонгјанг во една недела и 10-ти по ред годинава.

Како одговор на претходните тестови на Северна Кореја, претседателот Доналд Трамп испрати бродови на американската морнарица близу Корејскиот Полуостров, за да служат како предупредување за комунистичкиот режим да стави крај на програмата за производство на нуклеарно оружје.

Според Дејвид Бенам, портпарол на Американската пацифичка команда, САД „ќе продолжат внимателно да ги следат активностите на Северна Кореја“ и „остануваат посветени на безбедноста на сојузниците во Република Кореја и Јапонија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG