Линкови за пристапност

Тилерсон: Не верувам дека постои закана од Северна Кореја врз Гуам


Претседателот Доналд Трамп вчера ја предупреди Северна Кореја дека може да се соочи со оган и бес, какви што светот не видел досега

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, вели дека не верува оти постои закана од Северна Кореја врз пацифичкиот остров Гуам, и покрај тврдењето на Пјонгјанг дека работи на план за „отворање оган“ во тој регион.

Официјални лица на Гуам уверуваат дека американската територија е безбедна.

Во изјава за Централната информативна агенција на Северна Кореја, се вели дека вооружените сили „внимателно разгледувале “ план за ракетни напади врз островот.

Американските воени бази на територијата на Гуам, се верува дека поседуваат најголем американски арсенал на нуклеарно оружје, надвор од копнената територија на САД.

Портпарол на Севернокорејската армија, изјави дека планот ќе се примени секој момент, штом ќе стигне наредба од Ким Јонг Ун.

Претседателот Доналд Трамп вчера ја предупреди Северна Кореја, велејќи дека ако Пјонгјанг продолжи со заканите кон САД, „ќе се соочи со оган и бес, какви што светот не видел досега“.

Трамп додаде дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се однесува „многу заканувачки“, откако САД ги интензивираа санкциите против оваа комунистичка држава, и по добивањето поддршка од Советот за безбедност на Обединетите нации, за воведување казни кон Пјонгјанг.

Во најдобар можен случај, превентивен напад од САД нема да предизвика сериозни штети, туку може да го убеди севернокорејскиот лидер да побара дијалог, наместо да ризикува да влезе во војна, која, како што велат аналитичарите, знае дека ќе ја изгуби.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG