Линкови за пристапност

Северна Кореја подготвува нов ракетен тест?


Тензиите на Корејскиот Полуостров може да се зголемат, по извештаите дека Пјонгјанг се подготвува за нов ракетен тест, кој може да се случи пред почетокот на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.

Извештаи од Јужна Кореја и Јапонија наведуваат дека радарски и радио-сигнали покажуваат дека Пјонгјанг можеби се подготвува за ракетен тест.

На денешниот брифинг портпаролот на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, Нох Кју-дук одби да потврди дали постојат подготовки за ракетен тест, но рече дека внимателно го следат развојот. „Преку тесна соработка со нашите сојузници, како што се САД и Јапонија, нашата влада внимателно ја следи можноста за дополнителна провокација од Северна Кореја и затоа ја држиме подготвеноста на високо ниво“, изјави Нох.

Извештаите доаѓаат во време кога САД и Јужна Кореја се подготвуваат за петдневна заедничка воена во која ќе учествуваат илјадници војници и повеќе од 230 авиони, вклучително и шест борбени авиони Ф-22 Раптор, кои за прв пат се распоредени во Јужна Кореја.

Пјонгјанг рутински ги осудува воените вежби, користејќи воинствен јазик и закани.

Рускиот претставник за спорот со нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, заменик-министерот за надворешни работи Игор Моргулов вели дека заедничките вежби на САД и Јужна Кореја се пречката Пјонгјанг да не се вклучи во директни разговори.

САД и Јужна Кореја велат дека не е јасно зошто Северна Кореја се воздржува од провокации како што е тестирањето на нуклеарно и ракетно оружје, но се надеваат дека тоа ќе продолжи.

Рускиот претставник Владимир Путин ја повтори поддршката на Москва за прекинување на нуклеарната програма на Пјонгјанг, како дел од договорот предложен од Кина, во замена за прекинување на големите воени вежби од страна на САД и Јужна Кореја.

Вашингтон и Сеул ја отфрлија можноста за прекинување на вежбите, велејќи дека Пјонгјанг прво треба да покаже сериозност во преговорите за прекинување на нуклеарната програма.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG