Јужна Кореја и Јапонија го поздравија потегот на САД да ја назначат Северна Кореја како држава спонзор на тероризмот, со цел ставање на дополнителен финансиски и дипломатски притисок врз тоталитарната влада.
Претставници од Јужна Кореја велат дека одлуката е дел од тековните напори за денуклеаризација на Северна Кореја.
„Владата верува дека акцијата преземена од страна на САД е дел од напорите на меѓународната заедница за денуклеаризација на Северна Кореја, преку силен притисок и санкции и увереност дека ова ќе биде корисно за мирно решавање на нуклеарните прашања со Северна Кореја“ рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, Нох Кју-Дук.
Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон изјави дека санкциите против Северна Кореја имаат ефект и дека се` уште постои надеж за дипломатијата.
Во официјалното соопштение на Стејт департментот во вторникот се вели дека Северна Кореја се враќа на листата на држави спонзори на тероризам.
Во моментов, единствените земји на листата се Иран, Сирија и Судан.
Facebook Forum