Линкови за пристапност

Северна Кореја предупреди дека „го губи трпението“ по прекинот на преговорите за денуклеаризација


Северна Кореја предупреди дека „го губи трпението“ и се закани дека ќе ги засили активностите по прекинот на разговорите со САД за денуклеаризација.

Предупредувањето е показател дека Северна Кореја зазема офанзивна позиција откако со месеци се повлекуваше од првите суштински преговори за денуклеаризација.

Во изјава за корејската централна новинска агенција, Северна Кореја ги обвинија САД за оркестрирање на овонеделниот состанок во Советот за безбедност на Обединетите нации, кој го осуди неодамнешното лансирањена ракета од страна на Северна Кореја.

Претходно оваа недела, европските членови на Советот за безбедност ја повикаа Северна Кореја да се вклучи „со добра волја во преговорите со САД“.

Европските амбасадори на ОН, исто така, го осудија најновото тестирање на балистичка ракета од страна на Северна Кореја, оценувајќи го истото како кршење на резолуциите на Советот за безбедност.

Од почетокот на мај, Северна Кореја спроведе 11 ракетни тестови, од кои повеќето вклучуваа забранета балистичка ракетна технологија. Последното лансирање беше 2 октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG