Линкови за пристапност

Кои се целите на Северна Кореја на самитот во Ханој?


Во Виетнам се одвиваат финални подготовки за вториот самит помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун кој ќе се одржи од 27-ми до 28-ми февруари. Останува нејасно што ќе произлезе од средбата во Ханој, но поранешниот заменик - амбасадор на Северна Кореја во Британија, Тхе Јонг Хо пред новинарите кажа дека долгорочната цел на Пјонгјанг е САД и ОН да се откажат од нивното присуство на Корејскиот полуостров.

За време на новогодишниот говор. Ким Јонг Ун рече дека Пјонгјанг посакува „фазен пристап“ за постигнување мир на Корејскиот Полуостров, вели Тхе Јонг Хо.

Тој објасни дека Ким предложил создавање на тампон зона на границата за намалување на можноста од воен конфликт меѓу двете држави. Во подоцнежните фази, зоната да се прошири низ целиот Корејски полуостров, и да биде еден од начините за постигнување на мир.

Тхе Јонг Хо кажа дека ако претседателот Трамп на самитот во Ханој објави крај на воената декларација, тогаш Северна Кореја може побара командата на ОН да замине бидејќи нивната мисијата е спречување на можен воен конфликт.

Говорејќи на Институтот за напредни студии во Сеул Брус Бенет, висок истражувач во Корпорацијата РАНД ги идентификуваше можните долгорочни цели на Ким Јонг Ун.

„Мислам дека сака да види повлекување на САД и дека сака да биде во позиција да изврши значителен притисок врз Јужна Кореја. Но тој треба да ја зацврсти внатрешната поддршка“ рече Бенет.

Без оглед на анализата на разузнавачките агенции и експертите, Бенет вели дека целите на Ким не се раководени од она што „мислиме“ дека е можно Северна Кореја да го постигне.

„Она што е важно за Ким Јонг Ун е, она што тој мисли дека може да го постигне, и неговите акции ќе бидат раководени од таму“ вели Бенет.

Денуклеаризација

Претседателот Трамп кажа дека очекува „да се случат многу работи“ на вториот самит со Ким Јонг Ун. Тој претстојниот самит го нарече „многу возбудлив“, но рече дека крајната цел на Вашингтон е денуклеаризацијата на Северна Кореја.

За време на обраќањето до нацијата Трамп кажа: „Ако не бев избран за претседател, според мое мислење, сега САД би биле во голема војна со Северна Кореја.“

Сепак, вчера тој кажа дека врската е „не е толку опасна и има многу разумност, нормално размислување“

Тхе Јонг Хо кажа дека никогаш не постоела закана од војна со САД, која доаѓа од Северна Кореја. Наместо тоа, поранешниот дипломат сугерираше дека реториката на Северна Кореја била насочена кон улогата на Вашингтон во можен регионален конфликт.

Тој кажа дека верува дека САД и Северна Кореја биле пред нуклеарен судир како резултат на манипулацијата од Северна Кореја. Тој вели дека Ким Јонг Ун успешно го насочил фокусот кон Северна Кореја, кон јакнење на односите и воспоставување мир во замена за нуклеарно разоружување.

Бенет не е сигурен дека Ким ќе се согласи целосно да ја уништи програмата за нуклеарно оружје, дури и ако се стави крај на воената декларација.

Подготовки во Ханој

Стејт департментот во вторникот објави дека специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стефан Биегун е на пат кон Ханој за да учествува во подготовките за самитот.

Ким Хјок Чол, неговиот севернокорејски колега во вторникот исто така беше виден во Пекинг, и се претпоставува дека ќе отпатува за Виетнам.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин телефонски разговараше со претседателот Доналд Трамп.

Во соопштението од претседателската канцеларија на Јужна Кореја се вели дека Мун му понудил помош на претседателот Трамп со цел да се забрза севкупната денуклеаризација.

Тоа би можело да значи повторно отворање на железничките и патните врски меѓу двете Кореи како и поголема економска соработка.

Мун соопшти дека Јужна Кореја е „решена да ја преземе таа улога ако претседателот Трамп го побара тоа, и ако тоа е начин да се намали товарот врз САД“ рече портпаролот на Мун, Ким Еуи Кејом.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG