Американски воени претставници ги отфрлаат извештаите што сугерираат дека американски воени командоси со падобранци влегуваат во Северна Кореја за да соберат разузнавачки информации за подземните воени инсталации на Пјонгјанг.
Според јапонскиот политички журнал „Дипломат“, вишиот американски командант за специјални операции, армискиот бригадирен генерал Нил Толи, наводно ги обелоденил информациите за програмата, минатата недела за време на конференција во Флорида.
Но, портпаролот на американските сили стационирани во Кореја, полковникот Џонатан Видингтон, за Гласот на Америка изјави дека податоците во извештајот, не се точни.
Журналот го цитира Толи дека кажал оти американски и јужнокорејски командоси учествувале во извидничка мисија, која, како што се вели во текстот, имала за цел да се откријат информации за „илјадници тунели“ изградени од Пјонгјанг по Корејската војна.
Полковникот Витингтон додаде дека е мошне добро познато дека Северна Кореја користи тунели за да сокрие чувствителни воени операции. Тој подвлече дека во ниту еден случај ниту американски, ниту јужнокорејски сили не употребиле падобранци за извидничка мисија.