Двајца јужнокорејски претставници се на пат кон САД за да ја информираат администрацијата на претседателот Трамп за разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Чунг Еуи-Јонг, раководител на Канцеларијата за национална безбедност, вчера заминал од Сеул заедно со шефот на Националната разузнавачка служба Сух Хун. Чунг и Сух се очекува да разговараат со државниот секретар Рекс Тилерсон и советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер за нивната средба со Ким Јонг Ун во Пјонгјанг.
Според Чунг Еуи-Јонг, севернокорејскиот лидер неочекувано понудил да го суспендира тестирањето на нуклеарни и балистички ракети, додека се водат директни преговори со САД за ставање крај на нуклеарна програма за оружје, но под услов да се гарантира безбедноста на Северна Кореја.
Северна и Јужна Кореја исто така се согласиле на крајот на април да одржат самит во пограничното село Панмунџом.
Во изјавата за новинарите дадена во Адис Абеба, Етиопија, државниот секретар Рекс Тилерсон рече дека САД треба да бидат „многу јасни и реални“ во врска со можноста за директни американски и севернокорејски разговори.
Претседателот Трамп изрази внимателен оптимизам, велејќи дека се чини дека Пјонгјанг е „искрен“ во својата понудат да преговара.
По состаноците во Вашингтон, Чунг ќе отпатува за Кина и Русија за да ги информира тамошните власти за понудата на Северна Кореја, додека Сух ќе ја посети Јапонија.
Facebook Forum