Линкови за пристапност

Северна Кореја се обидела да ја украде вакцината против ковид-19 на „Фајзер“, објави Јужна Кореја


И Мајкрософт, минатиот ноември, изјави дека хакери од Северна Кореја и Русија се обиделе да влезат во системот на седум проминентни компании, меѓу кои „Фајзер“ и „БиоНтек“

Северна Кореја се обидела да ја хакира компанијата „Фајзер“ за да ги украде информациите за нејзината вакцина против ковид-19, објави Разузнавачката агенција на Јужна Кореја.

Ова е вторпат изминативе месеци Пјонгјанг да биде обвинет за хакирање на фармацевтски компании, со цел да ги украде податоците за нивната работа во развивање нови вакцини против коронавирус.

И Мајкрософт, минатиот ноември, изјави дека хакери од Северна Кореја и Русија се обиделе да влезат во системот на седум проминентни компании, меѓу кои „Фајзер“ и „БиоНтек“.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун тврдеше дека нема заразени со ковид-19, но, брзо ги затвори границите со Кина откако почна пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG