Линкови за пристапност

Пјонгјанг ги осуди санкциите на ОН


Советот за безбедност едногласно усвои нови економски санкции против Северна Кореја, како одговор на нуклеарниот тест од 3-ти септември

Северна Кореја ги осуди новите санкции на Советот за безбедност на ОН во врска со нуклеарната и ракетната програма на државата.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, соопшти дека новите санкции имаат за цел „целосно задушување“ на нацијата и нејзиниот народ „преку целосна економска блокада“, во изјавата објавена во средата преку официјалната новинска агенција КЦНА.

„ДНРК ќе ги удвои напорите за зголемување на својата сила за заштита на суверенитетот и правото на постоење на државата“, се вели во соопштението на Министерството кое ја користи кратенката од официјалното име, Демократска Народна Република Кореја.

Амбасадорот на Северна Кореја во ОН Хан Тае Сонг, на конференцијата за разоружување во Женева, која беше спонзорирана од ОН, изјави дека САД ќе ја доживеат „најголемата болка“ заради водечка улога во промовирањето на новите санкции преку Советот за безбедност.

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои нови економски санкции против Северна Кореја, како одговор на нуклеарниот тест од 3-ти септември.

Комесарот за нуклеарна безбедност на Јужна Кореја соопшти дека биле регистрирани мали траги од радиоактивен гас, неколку дена по тестот, но не можел да донесе заклучок дали бомбата била хидрогенска, како што тврди Пјонгјанг.

Ако целосно се спроведат, новите мерки значително ќе го намалат пристапот на Северна Кореја кон меѓународни валути и гориво, потребни за развој на балистичките и нуклеарни програми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG