Претседателот на САД Доналд Трамп го нарече севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „луд човек“, откако тој најави можно тестирање на хидрогенска бомба во Тихиот Океан наскоро.
„Ким Јонг Ун, кој очигледно е луд човек, и кому не му пречи изгладнување и убивање на неговите луѓе, ќе биде ставен на тест како никогаш претходно“, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.
Северна Кореја објави дека наскоро може да тестира хидрогенска бомба во Тихиот Океан, откако лидерот Ким Јонг Ун предупреди дека ќе возврати по заканите на Трамп, и новите економски санкции.
Весникот „Јонхап“ пренесува дека министерот за надворешни работи Ри Јонг Хо, изјавил дека тестот ќе биде одговор на неговата држава по заканите на Трамп за време на говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, во кој најави „целосно уништување“ на режимот на Северна Кореја.
Јапонскиот министер за одбрана реагираше по најавите за тестот.
„Ако одлучија да спроведат тест со хидрогенски бомби и со интерконтинентална балистичка ракета во Пацификот, не можеме да ја негираме можноста дека нема да летаат над нашата земја. Ваквите акции не можат да се толерираат“, изјави министерот.
Пјонгјанг го изведе шестиот и најголем нуклеарен тест на почетокот на овој месец, но, сите негови атомски бомби беа детонирани во подземни објекти.
Facebook Forum