Линкови за пристапност

Црниот пазар може да ги ублажи санкциите кон Северна Кореја


Последниот пакет санкции на Обединетите нации, можат потенцијално да имаат незначителен ефект, велат аналитичари

Црниот пазар продолжува да го олеснува влијанието на санкциите, чија цел е да ја одвратат Северна Кореја да вложува милијарди долари во нуклеарна програма.

Последниот пакет санкции, кои Обединетите нации ги воведе кон Северна Кореја оваа недела, по последниот шести нуклеарен тест, можат потенцијално да имаат незначителен ефект.

Но, аналитичари велат дека Кина и Русија, трговски партнери на Северна Кореја, помагале во продолжување на нелегални трансакции, и покрај официјална поддршка за санкциите.

Северна Кореја, исто така, користи доверливи посредници и компании, да ја олеснат нелегалната трговија, сметаат експертите.

Ентони Роџиеро, поранешен официјален претставник на американскиот Оддел за финасии, сега аналитичар на Фондацијата за одбрана и демократии, вели дека Северна Кореја и Русија се обидуваат да го прикријат договорот за нафта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG