Линкови за пристапност

Дали офанзивата на шарм на Северна Кореја отвора пат за дипломатија?


Според експертите, ова е актуелната стратегија на Северот за време на Олипијадата во Пјонгчанг

Своевидниот шарм на Северна Кореја за време на Олимпијадата во Пјонгчанг, се чини функционира во подобрување на имиџот на земјата кај многумина Јужнокорејци, додека САД укажуваат на нова отвореност кон дијалог.

Денеска, јужнокорејското Министерство за обединување соопшти дека посетата на олимписката делегација на Северна Кореја, ја отвори вратата за понатамошна соработка, што би можела да помогне да се олеснување на неодамнешните тензии меѓу двете земји околу севернокорејската нуклеарна програма.

Сеул истакна дека целта на напорите за ангажман е да се организираат разговори за денуклеукализација меѓу САД и Северна Кореја.

Ниту една од страните засега не сака да направи никакви отстапки во однос на тој дијалог. Пјонгјанг не сака да разговара за откажување од нуклеарната програма, што тврди дека е потребна за да се спречи евентуална инвазија од водство на САД. Вашингтон, од друга страна, бара владата на Ким Јонг Ун да се откаже од своите нуклеарни амбиции како предуслов за разговорите.

Меѓутоа, во неделата, потпретседателот Мајк Пенс, кој ја предводеше американската олимписка делегација во Јужна Кореја, наводно изјавил дека разговарал со јужнорејскиот претседател за можни услови за ангажман со Северна Кореја и дека Вашингтон можно е да биде отворен за безусловни разговори со Пјонгјанг. Сепак, тој нагласи дека САД ќе продолжат да ги интензивираат санкциите спрема Северот, заедно со подготвеноста од евентуална употреба на воена сила, се` со цел да извршат притисок врз земјата да се откаже од својата нуклеарна програма.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG