Линкови за пристапност

Осуди за нуклеарната проба на Северна Кореја


Претседателот Барак Обама кажа дека севернокорејските провокативни активности ќе имаат, „сериозни последици“.

Северна Кореја потврди дека извршила нуклеарна проба, по информацијата дека е регистриран потрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Официјален Пјонгјанг преку државните медиуми, тестот го оквалификува како успешен, додавајќи дека земјата има капацитет да постави нуклеарни боеви глави коишто сега можат да бидат намалени за да бидат употребени од различни видови балистички ракети.

Во владиното соопштение се додава дека пробата е дел од одговорот на Северна Кореја на заканите и санкциите од страна на САД и непријателите, коишто ја негираат стратешката позиција на земјата како нуклеарна сила.

Јужнорејската претседателка Парк Хун-хе ја осуди Северна Кореја за петтиот досега нуклеарен тест, прекршувајќи ги резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Претседателот Обама кажа дека севернокорејските провокативни активности ќе имаат, „сериозни последици“.

XS
SM
MD
LG