Линкови за пристапност

Северна Кореја лансираше балистички проектили со кус дострел


Лансирањето доаѓа шест дена по последниот тест на Северна Кореја како одговор на одлуката на Сеул да нарача американско оружје и да одржува воени вежби со САД

Северна Кореја истрелала два балистички проектили со кус дострел, објави Армијата на Јужна Кореја. Ова е второ лансирање од Пјонгјанг за помалку од една недела.

Проектилите биле лансирани во близина на источниот пристанишен град Вонсан. Поминале 250 километри и достигнале висина од 30 километри.

Лансирањето доаѓа шест дена по последниот тест на Северна Кореја како одговор на одлуката на Сеул да нарача американско оружје и одржува воени вежби со САД.

Официјален претставник од Јужна Кореја коментираше дека проектили биле слични на оние кои биле лансирани минатата недела.

Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итна средба и изрази „силна загриженост“ за лансирањето и истакна дека може да има негативно влијание врз мирот на Корејскиот полуостров.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG