Линкови за пристапност

Северна Кореја истрела два проектила во морето кај источниот брег


Пјонгјанг најави дека може да продолжи со лансирање на балистички проектили и нуклеарни тестови, ако САД и Јужна Кореја продолжат со здружените воени вежби

Официјално лице за безбедност на Јужна Кореја рече дека Сеул одблизу ги следи потезите на Северна Кореја, откако таа истрела два проектила во морето, кај нејзиниот источен брег.

Минатата недела Северна Кореја рече дека Пјонгјанг може да продолжи со лансирање на балистички проектили и нуклеарни тестови, ако САД и Јужна Кореја продолжат со здружените воени вежби.

Претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун минатиот месец се сретнаа во демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи, каде се согласија да ги обноват преговорите.

САД не одговорија по последните лансирања од страна на Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG