Северна Кореја со ново тестирање на балистички проектил од типот KN-15 со среден домет, кој бил истрелан во водите на Јапонското Mоре. И американската и армијата на Јужна Кореја ја регистрирале активноста во близина на Синпо во источната провинција Јужен Хемгјонг.
Северноамериканската команда за противоздушна одбрана соопшти дека лансирањето на проектилот не претставува закана по Северна Америка.
Јужнокорејските власти рекоа дека проектилот летал околу 60 километри.
Претходните четири тестови на Северна Кореја биле изведени од различни локации.
Најновата активност се случува на само 48 часа пред претседателот Трамп да се сретне со кинескиот лидер Ши Џинпинг, а фокусот на разговорите се очекува да бидат нуклеарните амбиции на Пјонгјанг.
Државниот секретар Рекс Тилерсон издаде соопштение во кое ја осуди најновата провокација на Северна Кореја, велејќи дека, цитираме, САД говореа доволно за Северна Кореја. Немаме дополнителен коментар.
Јужнокорејското Министерство за надворешни работи го осуди лансирањето на проектилот, како „заканувачки акт против мирот и безбедноста не само на Корејскиот Полуостров, туку и на меѓународната заедница.
Остра осуда за чекорот уследи и од Јапонија.
Претседателот Трамп претходно изјави дека САД се подготвени да дејствуваат самостојно во справувањето со севернокорејската нуклеарна закана, доколку Кина не се приклучи.
Facebook Forum