Линкови за пристапност

Северна Кореја со нов тест на проектил


САД и Јапонија го осудија обидот.

Северна Кореја истрелала балистички проектил во водите на источниот брег, близу Јапонија, што е најнов од серијата вакви тестови, соопштија јужнокорејски воени претставници.

Американската армија кажа дека забележала две лансирања на проектили, од кои само едниот бил успешен. Официјални лица веруваат дека се работи за проектил од среден домет Родонг. САД предупредија дека се подготвени да се бранат себеси и своите сојузници од каква е и да е провокација.

Инцидентот го осуди и јапонскиот премиер, Шинзо Абе.

XS
SM
MD
LG