Линкови за пристапност

Неуспешен обид за лансирање проектил на Северна Кореја


Втор неуспех во рок од неколку недели

Северна Кореја пробно истрела проектил од среден дострел кој се урна само на неколку секунди од лансирањето и ова е втор таков неуспех во рок од неколку недели.

Министерството за одбрана на Северна Кореја денеска објави за неуспешното лансирање. Инцидентот се случи пред состанокот на високи претставници на партијата, закажан за следната недела во Пјонгјанг.

Јужнокорејскиот министер за одбрана вели дека Северна Кореја се обидува да го лансира својот нов модел на проектил со среден дострел - Мусудан, кој може да достигне до воените бази во Азија и Тихиот океан.

Лансирањето доаѓа откако Јужна Кореја и САД прават годишни воени вежби заедно, кои Северна Кореја ги нарекува провокативни.

XS
SM
MD
LG