Линкови за пристапност

Трамп: Сите опции се на маса


Изјавата уследи, откако рано утринава Северна Кореја лансираше проектил над Јапонија

Северна Кореја исфрли проектил што прелетал над Јапонија рано утринава. Ова предизвика остра реакција во Токио и во Сеул, а Белата куќа соопшти дека претседателот на САД Доналд Трамп рекол дека „сите опции се на маса“.

Јапонските власти рекоа дека ракетата при прелетувањето се поделила на три дела, и се распрснала во Тихиот Океан, источно од островот Хокаидо.

„Ова е ужасен и невиден чин, и претставува сериозна закана, значително оштетувајќи го регионалниот мир и безбедност“, истакна јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Како реакција на северконорејските активности, Јужна Кореја објави видео-материјал од нејзиниот тест за проектил, направен минатата недела.

Сеул додаде дека ќе работи со САД, во заеднички одговор на чекорот на Северна Кореја.

Јапонскиот владин портпарол рече дека Јапонија по најновите настани, тесно ќе соработува со САД, Јужна Кореја и со другите засегнати држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG