Линкови за пристапност

Северна Кореја се пофали со тестирање на ракетата


САД велат дека е потребна глобална акција за да се спречи заканата од Пјонгјанг

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се пофали со неговиот прв успешен тест, за она што се покажа како интерконтинентална балистичка ракета (МКБМ), во вторникот.

Тој, на група научници и техничари, им изјавил дека САД ќе бидат „незадоволни“ да го добијат она што тие го нарекуваат „пакет со подароци“, за одбележувањето на Денот на независноста, јавува Корејската централна новинска агенција.

Северна Кореја лансираше проектил наречен Кусонг-14 во вторникот, од аеродромот во близина на границата со Кина.

Академијата за одбрандбена наука вели дека Кусонг-14 патувал 933 километри и достигнал надморска височина од 2.802 километри. Ракетата се распрснала во Јапонското Море, по 39 минути во лет.

Врз основа на анализата на стрмната подвижна траекторија, експертите на САД велат дека ракетата се чини дека има опсег што ќе ѝ овозможи да стигне до Алјаска.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, издаде соопштение во кое се потврдува ракетниот тест на Северна Кореја, и во кое се вели дека „претставува нова ескалација на заканата за САД, нашите сојузници и партнери, но и за светот“.

Тилерсон вели дека е потребна глобална акција за да се спречи заканата од Пјонгјанг. Тој рече дека секоја нација која е домаќин на севернокорејските гастарбајтери, ѝ обезбедува на Северна Кореја економска или воена корист, а со тоа „помага и поддржува опасен режим“.

Состанок на Советот за итна безбедност

Портпаролката на Пентагон Дана Вајт, издаде соопштение во кое се вели дека со ракетниот тест во вторникот „Северна Кореја се покажа дека претставува закана за САД и нашите сојузници“.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации издаде соопштение во кое го осуди Пјонгјанг, велејќи дека нејзиниот ракетен тест е „уште едно бесрамно кршење на резолуциите на Советот за безбедност, и претставува опасна ескалација на ситуацијата“.

Советот за безбедност на ОН свика вонреден состанок зад затворени врати, за севернокорејската криза доцна во средата, а Тилерсон потенцираше дека ќе има посилни мерки против Северот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG