Северна Кореја лансираше најверојатно две балистички ракети со краток дострел, соопшти денеска генералштабот на армијата на Јужна Кореја. Ова е втор пат Пјонгјанг да лансира проектили во период пократок од една недела.
Едниот проектил летал 420, а другиот 270 километри, се наведува во соопштението на јужнокорејскиот генералштаб.
Проектилите беа лансирани од провинцијата Северен Пјонган на северозападниот дел на земјата, при што беа лансирани кон исток, се додава во соопштението.
Претседателската „Сината куќа“ (службената резиденција и главно работно место за претседателот на Јужна Кореја во Сеул) изрази загриженост поради лансирањето на проектили од краток домет, додавајќи дека тоа не помага за релаксирање на меѓу-корејските воени тензии.
Пјонгјанг во саботата изврши тестирање на проектили од кус дострел.
Претседателот Доналд Трамп, во саботата истакна дека е уверен во постигнување договор со Јонг Ун. Преку објава на „Твитер“, Трамп нагласи дека Ким целосно го разбрал економскиот потенцијал на Северна Кореја и дека не би направил ништо што би ги урнало тие можности.
Facebook Forum