Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, преку Твитер кажа дека најновата активност е уште едно дрско прекршување на резолуциите на ОН - голема закана по меѓународниот мир и безбедност. НАТО повика на глобален одговор по најновото лансирање на ракетата над Јапонија од страна на Северна Кореја.
Најновиот инцидент се случи по само неколку дена од воведувањето на нови санкции против Пјонгјанг.
Според Американската пацифичка команда, се работи за балистички проектил од среден домет, што не претставува закана по островот Гуам и Северна Америка.
Советот за безбедност на ОН за денеска закажа вонредна седница, по барање на САД и Јапонија.
Facebook Forum