Линкови за пристапност

Кина: Северна Кореја е подготвена за денуклеаризација


Ова беше изјавено по средба со виш кинески дипломат и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, вели дека е определен на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Изјавата беше објавена по средбата на Ким со кинескиот дипломат Ванг Ји, веднаш по разговорите на севернокорејскиот претседател со неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-Ин.

Мун и Ким за време на неодамнешната историска средба, ветија дека ќе ги подобрат односите меѓу двете земји.

Неколку дена пред самитот, Ким го изненади светот со коментарот дека ќе ги прекине активностите на локацијата од каде се извршуваа тестовите за нуклеарно оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG