Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, рече дека Вашингтон останува подготвен за разговори со Северна Кореја, бидејќи Ким Јонг Ун ја одложи заканата за лансирање на проектили кон американската територија на Гуам.
Тилерсон вели дека дипломатијата заслужува шанса, а Пјонгјанг мора да престане со балистичките проектили и со нуклеарните тестови, пред да почнат преговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Централната севернокрејска агенција (КЦНА) во вторникот објави дека Ким ги набљудува САД во случај да направат „будалесто и глупаво однесување“, од кое што ќе зависи и конечната одлука за лансирање проектили кон Гуам.
Кратко откако Пјонгјанг се повлече од претходната закана за ракетниот напад, американскиот секретар за одбрана изјави дека Вашингтон е подготвен да се брани, како и да возврати доколку Северна Кореја го нападне Гуам.
Facebook Forum