Линкови за пристапност

Планот за напад на Северна Кореја до средина на август


Секретарот за одбрана Џим Матис изјави дека Северна Кореја ризикува катастрофален пораз ако почне војна

Северна Кореја ги отфрла предупредувањата на претседателот Доналд Трамп, дека ќе презеде воени акции против социјалистичкиот режим, ако државата продолжи со закани кон САД.

Трамп ги изненади критичарите и поддржувачите, дома и во странство, кога пред два дена најави напад врз Северна Кореја со „бес и оган, какви што светот не видел досега“, возвраќајќи на агресивната реторика на Пјонгјанг.

Командантот на ракетните сили на Северна Кореја Ким Рак Гјом, за Корејската државна информациска агенција, изјави дека не е возможен дијалог со претседателот Трамп, нарекувајќи го „неурамнотежен човек“, и оти само апсолутна сила може да делува врз него.

Тој нагласи дека планот за напад треба да биде финализиран до средина на август, а ќе треба да биде потпишан од лидерот Ким Јонг Ун, за да може да се примени.

Секретарот за одбрана Џим Матис изјави дека Северна Кореја ризикува катастрофален пораз ако почне војна, и го повика Пјонгјанг да престане со нуклеарното наоружување.

Матис вели дека Северна Кореја „треба да спречи секакви акции, со цел да се стави крај на нејзиниот режим и деструкција врз нејзиниот народ“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG