Линкови за пристапност

Северна Кореја на пат до способност да стигне до САД


Директорот на ЦИА предупреди дека Пјонгјанг за неколку месеци може да го погоди копното на САД со нуклеарен проектил

Најмалку двајца виши американски официјални претставници рекоа дека Северна Кореја најверојатно е само на неколку месеци од способноста да може да изврши напад врз САД со нуклеарен проектил.

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, вчера на форум во Вашингтон изјави дека Северна Кореја напредува во процесот, прашањето е како да се стопираат последните чекори на Пјонгјанг:

„Тие сега се поблиски отколку што беа пред пет години и очекувам да бидат поблиску за пет месеци, отколку што се денес, ако нема глобални напори за да бидат спречени. Секој тест, успешен или неуспешен како што е дефиниран на Запад, му помага на Ким Јонг Ун и на неговите инженери и научници да развијат основа, и тие имаат намера да го комплетираат целиот синџир на активности.

Во случајот тие се доволно блиски во развојот на способностите, што од гледна точка на американската политиката, прашањето е што треба да сториме за да ги спречиме,“ рече Помпео.

Советникот за национална безбедност на САД, генералот Х.Р. Мекмастер, изјави дека Вашингтон сака да ја реши ситуацијата, без употреба на воена сила.

Коментарите на Помпео и Мекмастер доаѓаат во време кога тензиите меѓу САД и Северна Кореја растат по последниот нуклеарен тест на Пјонгјанг и тестовите кои разузнавачката заедница ги оцени како тестови на ракети со среден и долг дострел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG