ВАШИНГТОН —
Властите во сојузната држава Северна Каролина го идентификуваа осомничениот во вчерашното пукање во универзитетски кампус, при кое две лица беа убиени, а четири други беа повредени.
Полицијата соопшти дека се работи за 22-годишниот Тристан Ендрју Терел. Засега не се знае мотивот за пукањето.
Две лица од четворицата повредени се` уште се наоѓаат во животна опасност.
Универзитетските официјални претставници јавија дека крајните испити се одложени до недела.
Facebook Forum