Линкови за пристапност

Северна Кореја напредува со нуклеарната програма


Висок претставник на американското разузнавање и извештај на истражувачки институт со седиште во Вашингтон предупредуваат за напредокот.

Висок претставник на американското разузнавање и извештај на истражувачки институт со седиште во Вашингтон предупредуваат за напредокот на нуклеарните и ракетни програми во Северна Кореја.

Директорот за национално разузнавање Џејмс Клапер во среда кажа дека Пјонгјанг го проширил објектот за збогатување ураниум Јонгбјон и го рестартирал реакторот користен за производство на плутониум.

Соопштението се чини дека ги потврдува неодамнешните извештаи кои сугерираат дека Северна Кореја се однесува во согласност со ветувањето дека „ќе ги прилагоди и промени“ своите нуклеарни објекти по нивниот трет нуклеарен тест минатата година.

Во писмено доставено сведочење до сенатска комисија, Клапер исто така кажа дека програмите за нуклеарно оружје и ракетни програми на Северот „претставуваат сериозна закана“ за САД и Азија, забележувајќи дека Пјонгјанг е определен на развивање проектил што ќе може да стигне до американска почва.

Во одвоен извештај од средата, Американско-корејскиот институт во Џонс Хопкинс Универзитетот кажа дека Северна Кореја се чини дека го шири својот главен објект за лансирање за да овозможи поголеми проектили на него, кои би можеле да ги погодат САД.
XS
SM
MD
LG