Линкови за пристапност

Северна Кореја со нови закани спрема САД


Пјонгјанг се заканува дека може да ги нападне американските воени бази во Гуам и Јапонија заради користење на американски бомбардери во воената вежба со Јужна Кореја.

Портпаролот на севернокорејската команда на армијата во четврток кажа дека воздухопловната база во Гуам и морнарички бази на главниот јапонски остров и во Окинава се во рамки на дострелот на нивните „средства за прецизен напад“.

САД одржаа две мисии на обука над Јужна Кореја изминатиов месец, во приказ на сила што поттикна лута реакција од Северот.
XS
SM
MD
LG