Линкови за пристапност

Северна Кореја се закани со нов нуклеарен тест


Од гласањето во ОН за резолуцијата за кршењето на човековите права во Северна Кореја
Од гласањето во ОН за резолуцијата за кршењето на човековите права во Северна Кореја

Реагира на осудата од Третата комисија на Генералното собрание на ОН, за наводно кршење на човековите права

Северна Кореја се закани со нов нуклеарен тест поради осудата од Третата комисија на Генералното собрание на ОН за наводно кршење на човековите права.

Во денешното соопштение, Министерството за надворешни работи на Северна најави дека Пјонгјанг „повеќе не ќе може да се воздржува“ од вршење на четврти по ред нуклеарен тест откако Комисијата (задолжена за социјални, хуманитарни и културни прашања) усвои резолуција за состојбата со човековите права во комунистичката држава. Резолуцијата предлага Советот за безбедност да ја даде Северна Кореја на Меѓународниот кривичен суд за наводни злосторства против човештвото. Резолуцијата е врз основа на истрагата на Комисијата што утврди дека властите во Пјонгјанг ги кршат правата во „невидени размери“ во светот денес.

Северна Кореја во соопштението оценува дека резолуцијата е „полна со злобни клевети и лажни обвиненија“ и дека нејзиното усвојување претставува „тешка политичка провокација“. Официјален Пјонгјанг го обвини Вашингтон дека предводи во обидите за понижување и смена на севернокорејското раководство.

Северна Кореја изминативе години изврши три нуклеарни тестови, од коишто последниот во февруари 2013-та.

XS
SM
MD
LG