Линкови за пристапност

Северна Кореја веројатно обновува локација за лансирање ракети


Независни извештаи со сателитски снимки покажуваат тековни поправки на објектот за тестирање на ракетни мотори и полигонот за лансирање во северозападниот дел на Тонгчанг-ри

Северна Кореја веројатно гo обновува клучното место за тестирање и лансирање на проектили, покажуваат информации добиени од Јужна Кореја и два приватни истражувачки центри во САД.

Според независните извештаи од две приватни набљудувачки групи во САД, сателитските снимки покажуваат тековни поправки на објектот за тестирање на ракетни мотори и полигонот за лансирање во северозападниот дел на Тонгчанг-ри.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап соопшти дека разузнавачките служби на средба зад затворени врати ги информирале пратениците за новата активност во Тонгчанг-ри.

Ваквите информации следат само неколку дена по неуспешните разговори помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на самитот во Ханој, Виетнам.

Разговорите пропаднаа поради инсистирањето на Вашингтон во замена за укинување на санкциите Пјонгјанг да демонстрира цврста заложба за денуклеаризација.

Северна Кореја почна да го расформира објектот во Сохае по историскиот самит минатиот јуни меѓу претседателот Трамп и Ким Јонг Ун во Сингапур, каде што постигнаа нејасен договор Северна Кореја да ги прекине своите програми за нуклеарно оружје и балистички проектили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG